(ВИДЕО) Орцев: Фирми од Бугарија ја финансираат кампањата на Пишев

Од:

Ова мое обраќање не е насочено кон ниту еден член или симпатизер на ВМРО ДПМНЕ ниту кон луѓето од највисокото раководство на Општинскиот комитет на оваа партија. Ова мое обраќање со голема доза на револт е насочено само кон едно лице кое се вика Васил Пишев. За разлика од оние сограѓани кои поради барање на егзистенција беа приморани да земат пасоши на туѓи земји а за кои имаме потполно разбирање, во овој случај станува збор за човек кој има дадено опасно ветување на луѓе од својата резервна татковина, рече Панче Орцев.

Се работи за сериозен проблем, вели, за кој треба да бидат загрижени дури и луѓето од ВМРО ДПМНЕ.
Имено имаме сигурни и потврдени информации дека Васил Пишев направил договори со сопственици на повеќе фирми од Благоевград и Банско-Р.Бугарија кои се согласиле да ја финансираат неговата кампања за дебела противуслуга.

Замислете човекот кој ја води кампањата „Струмица за сите“ им ветил на овие фирми дека штом ќе стане Градоначалник веднаш со ребаланс ќе ја задолжи општината со кредит од 15 милиони евра, општина која во изминативе 8 години нема ниту еден денар задолжување. Според овој скандалозен договор најголем дел тие пари им се ветени на овие фирми кои требало да ги добијат за разни јавни работи за општина Струмица, како противуслуга за финансиската помош во скапата кампања на Пишев.

Замислете, фирми како Жикол, Кипо, Џови компани, Габро, Сара јавор, Пелагонија и други, Пишев сака да ги отфрли од секаква комбинација со што дури 5000 семејства би останале без егзистенција. Зошто ?

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“