(ВИДЕО) Орцев до Пишев: Струмичани не се купуваат со пари

Од:

Струмица знае дека имате многу пари, ама и знае дека со пари не се купува сè, му порача пратеникот на СДСМ, Панче Орцев на кандидатот за градоначалник за Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев. Тој денеска изјави дека додека Зоран Заев полни плоштади со народ, за Васил Пишев се полнат плоштади со граѓани од Охрид, Скопје, Кочани и Битола.

Се потврди и фактот дека дефинитивно и на Груевски не му се допаѓа Васил Пишев. Ако му се допаѓаше, по втор пат ќе се потрудеше да го удостои со навремено доаѓање, а не со неколку часовно вообичаено доцнење. Анкетниот лист за неговата имотна состојба кажува сè. Скоро 3,5 милиони евра имот. Половината од тие, Васил Пишев ги носи преку граница и ги остава во Бугарија. Добар политичар, македонски пратеник, а уште повеќе и прокламиран антички македонец и многу голем македонски патриот, добар домаќин почитувани граѓани, не си го преценува и омаловажува својот дом, а најмалку пак својата држава – изјави пратеникот на СДСМ.

Орцев вели дека кандидатот за градоначалник за Струмица од редовите на ДПМНЕ вложува и гради иднина во Бугарија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија