(ВИДЕО) Орав: Случајот Заев-голем тест за државните институции

Од:

Шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Аиво Орав, во седиштето на СДСМ се сретна со претседателот Зоран Заев.

Орав по средбата изјави дека лидерот на СДСМ лично го информирал за целиот случај а делегацијата на ЕУ многу внимателно ќе следала што ќе се случува во периодот што следи.

Орав порача дека очекува неазвисно и транспарентно водење на судската постапката а интересот на европската унија бил голем зошто во случајот се инволвирани и премиерот Никола Груевски и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Според Орав, судската постапка која следува против претседателот на СДСМ Зоран Заев е вистински предизвик за институциите и медиумите во земјава.

Орав и Заев разговарале и за можноста за нормализирање на политичкиот дијалог иако условите не давале можност за чекор напред.

Орав порача дека како шеф на делегацијата на ЕУ во земјава сакале да им помогнат и на двете политички партии и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

„Дојдов овде за да го видам лидерот на опозицијата, г. Зоран Заев и неговите колеги.Тој ме информираше што се случи за време на викендот.Ова е потенцијален случај во кој се инволвирани премиерот и лидерот на опозицијата на оваа земја и со оглед на високиот профил на овој потенцијален случај,со оглед на фактот што оваа земја е земја кандидатка за членство во ЕУ, ние посветуваме големо внимание на овој потенцијален случај и ние ќе го следиме многу сериозно. Тоа ќе биде голем тест за државните институции. Тоа ќе биде големтест за медиумите и за земјата. Можам само да се повикам на соопштението од ЕУ во саботатата попладне, дека очекуваме независност и транспарентност при истрагата и во судската процедура. Потоа, дискутиравме и за политичкиот дијалог, можеби во овие опкружувања е малку чудно да се зборува за политички дијалог, но ние, ЕУ, сме овде и се обидуваме да им помогнеме на обете страни колку што е можно повеќе нормализирање на состојбата“, изјави Аиво Орав по средбата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски