На поголема почит кон слободата на изразувањето, подобрување на односите со новинарите, реформа во начинот на рекламирањето на владата како и отстранување на притисокот врз новинарите, посочи Аиво Орав на денешната презентација на петтиот извештај од Европската Комисија за напредокот на Македонија.
Судската независнот, практиката, се полето на кое треба да се работи. Извештајот се осврнува на тврдењата за селективна правда и на притворите. Ова се прашања кои мора да бидат во согласност со Eвропската конвенција за човекови права, посочи Орав.
Споменувајќи ги изборите и заклучокот дека биле ефикасно администрирани, Орав рече дека се потребни реформи во изборната легислатива, избирачкиот список како и разделување на политичките партии и државата.
Орав посочи дека за есенскиот извештај не треба да се губи време во толкување дали извештајот е добар или лош, туку да се прифати како платформа за понатамошни преговори.
Во однос на билатералните прашања Орав рече дека Македонија направила многу во реформирањето на законската рамка, но сепак клучно е нивното спроведувањето.
„Веќе петти пат даваме препорака за започнување на преговорите и Комисијата има јасно мислење дека преговорите ќе овозможат за подобрување на добрососедските односи и решавање на проблемот со името“, рече Орав.
Тој и порача на власта дека до декември кога е самитот на Советот на ЕУ, таа има доволно време да ги земе во предвид сите забелешки
Темјана Поповска