ВИДЕО: Општина Шуто Оризари ќе добие нова градинка

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и постојаниот претставник за развој на Обединети нации Луиза Винтон ја посетија опожарената градинка во Општина Шуто Оризари „8 Април” при што најавија дека за 18 месеци општината ќе добие нова градинка.

Финансиските средства за клучните инфраструктурни интервенции во висина од 700.000 долари се целосно обезбедни од Министеството за надворешни работи на Норвешка. Проектот ќе биде реализиран од Програмата за развој на ОН (УНДП) присутна во земјата.

„За 18 месеци оваа градинка која што предходно беше опожарена ќе биде целосно реконструирана и 140 деца коишто предходно беа опфатени повторно ќе се вратат во соодветни услови да се развиваат и да престојуваат во текот од денот да го добиваат соодветното предучилишно образование. Дополнително со реконструкцијата е предвиден и простор за опфат на деца во јасли или за дечиња од 9 месеци до 24 месеци, со тоа што и дневниот центар за деца на улица кој што предходно постоеше во предходната градинка исто така ќе биде оспособен со посебен влез и ќе може да биде користен од страна на децата кои што во моментот се во даден ризик или се деца на улица. Јас би сакала во име на Владата во име на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија да изразам благодарност до Кралството Норвешка и до УНДП во Македонија кои што навистина целосно ќе го спроведат овој проект и финансиски ќе го подджат поради тоа што најважно ни е децата да бидат заштитени и да немаме деца коишто ни се надвор од предучилишно образование. Ние како Влада се обврзавме за тоа и со сите чекори ќе покажеме дека ќе се грижиме децата да го добијат соодветното образование и соодветната заштита“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Луиза Винтон рече дека старата опожарена градинка ќе добие сосем нов лик.

„Како и кај многу други катастрофи, несреќата во Шуто Оризари претставува можност „повторно да се изгради подобро“. Идејниот проектот подразбира обнова на објектот и обезбедување побезбедна и потопла средина соодветна за сите деца, вклучително и децата со попреченост. Сето ова ќе има и позитивен импакт на квалитетот на живот во општината, а посебно врз семејствата на кои што ќе им се отворат нови можности за вклучување на пазарот на трудот“ – потенцираше постојаниот претставник на УНДП во земјава, Луиза Винтон.

Старата опожарена градинка, единствена од таков тип во општината, на простор од 1500 м2, ќе добие нов лик според сите светски стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст. Новиот објект директно ќе помогне на повеќе од 200 семејства, претежно од ромска националност, чии што деца од 2 до 5 години се вклучени на предшколскиот систем.

Истовремено, новиот простор подразбира и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 50 деца што ќе значи и зголемена инклузија на децата – Роми од предшколска возраст. Исто така, планирано е отворање и на јасли групи кои досега не постоеја во општината.

Според сите светски стандарди и практики за ваков тип на јавни објекти, просторот ќе биде и целосно прилагоден за нега и згрижување и на деца со попречености кои ќе имаат можност непречено да ја следат наставата во објектот. Изградбата ќе ги следи и препораките за обезбедување на енергетска ефикасност и лесно одржување на просторот.

Би можело да ве интересира

Ристовски: Ромите заслужуваат да живеат квалитетно во Шуто Оризари, да имаат квалитетно здравство и образование

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

Во куќа во Шуто Оризари пронајден е починат 43-годишен маж

СДСМ: Градоначалникот на Шуто Оризари сака да ја задолжи општината со осум милиони евра

Тројца тинејџери киднапирале и физички малтретирале девојка во Шуто Оризари

А1он

Без вода дел од Шуто Оризари