ВИДЕО: Опозицијата не дојде на координација кај Велјаноски

Од:

На координацијата кај спикерот Велјаноски, повторно не дојде опозицијата. На поканата освен Силвана Бонева, Талат Џафери дојде само уште координаторот на ДПА, Имер Алиу. Присутен и членот на Владата, министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

Велјаноски ја повика опозицијата за да се договорат за натамошните чекори, и ова го поврза со нивните најави за организирање на седум надзорни расправи за актуелни теми.

Во соопштението од Кабинетот на Велјаноски се упатуваше на член од Законот за Собрание во кој стои дека надзорните расправи годишно се договараат.

Опозицијата предупредува дека претседателот на Собранието не може да го толкува како што сака законот, а уште помалку да го крши, бидејчи јасно стои дека доколку 15 пратеници бараат надзорна расправа, таа задолжително се закажува.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on