ВИДЕО: Огромен пожар, горат далноводите спроти трафостаницата близу Пинтија

Од:

Далновидите спроти големата трафостаница близу Пинтија се во пламен. Огромен пожар избил, неколку минути пред да снема електрична енергија. Полиција го обезбедува просторот. Засега не е позната причината. Од ЕВН велат дека проблемот не е кај нив, додека пак од „Мепсо“ за „А1он“ велат дека се проверува каде е дефектот. За запалените далноводи, не сакаа да коментираат и рекоа дека немаат информации. Оттаму најавија само соопштение.

Од ЕВН, само кусо за „А1он“ изјавија: Поради експлозија на високонапонска мрежа на МЕПСО, дел од Скопје е со прекин на електрична енергија. Се вклучува дел по дел“.

Десетина скопски општини останаа без струја. Аеродром, Кисела Вода, Карпош 1,2,3,4, Мичурин, Автокоманда, се само дел од местата каде граѓаните немаат електрична енергија. „А1он“ се обрати до ЕВН со прашање дали станува збор за голем дефект и дали брзо ќе се санира – но не доби одговор.

И дел од Центар остана без електрична енергија, но набрзо, тамо напојувањето беше стабилизирано. Во Ѓорче Петров – струја има.

Во два наврати, напонот на електричната енергија се врати, но набрзо, повторно престана.

Би можело да ве интересира

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија

Пожар во Еврејска болница во Берлин, неколку лица се повредени, уапсен е пациент