(ВИДЕО) Очевидци за А1он: Детето поминуваше улица на пешачки премин, се вози со 200 на саат

Од:

Стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“ во скопската населба „Ѓорче Петров“, откако 10-годишно момче вечерва беше прегазено во сообраќајна несреќа.

Очевидци за А1он сведочат дека човекот што удрил во момчето, станал од возилото и го одвел детето в болница.

„Колата возеше во спротивна насока за да ги избегне препреките на патот. Детето беше удрено додека ја поминуваше улицата на пешачкиот премин“, раскажуваат очевидците.

Во моментов полицијата врши увид, а улицата „Борис Сарафов“, каде се случи несреќата е затворена за сообраќај.

Жителите на протестот раскажуваат дека подолг период бараат од општината да биде поставена светлосна сигнализација.

Претходно, од МВР за „А1он“ соопштија дека до сообраќајната несреќа дошло кога возило од марката „опел астра“ удрило во детето, кое по ударот било пренесено на Ургентниот центар. Засега не е познато во каква здравствена состојба се наоѓа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он