(ВИДЕО) НСП: Уставниот суд пресуди дека сме легитимен синдикат

Од:

Независниот синдикат на полицијата (НСП) тврди дека Уставниот суд на РМ го признал правото на постоење и делување на синдикатот и покрај решението да не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на членот 4 од колективниот договор на МВР.

– Уставниот суд го признава нашето право на делување како независен полициски синдикат и токму во решението по нашето барање се вели дека е неприфатливо мислењето оти од оспорениот член 4 од Колективниот договор произлегувало неможност за секакво друго синдикално делување, само затоа што колективниот договор бил склучен со Македонскиот полициски синдикат, како репрезентативен синдикат, изјави Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот синдикат на полицијата.

Тој побара Македонскиот полициски синдикат веднаш да прекине со манипулациите со вработените и го повика претседателот на овој синдикат на директен ТВ дуел на кој ќе ги соочат аргументите. Исто така Делчев Тодев упати апел до новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски и до премиерот Зоран Заев веќе во понеделник да организираат заеднички состанок на двата синдикати на кој, како што рече „заеднички ќе ги удриме темелите на деполитизирање на МВР преку отворање на вистински социјален дијалог, во кој основни постулати ќе бидат европски услови за работа и европска плата за македонскиот полицаец“.

На денешната прес конференција пред Уставниот суд присуствуваше и генералниот секретар на НСП, Орце Гоцевски, кој побара од новиот министер Спасовски веднаш да започнат разговори околу бројните проблеми со кои се соочуваат вработените во МВР, меѓу кои ги наброи немањето храна, недостатокот на млеко во специјалните единици, неисплатените дневници итн. Од НСП потенцираат дека тие се претставници на над 1.500 вработени во МВР.

Би можело да ве интересира

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски