ВИДЕО: НСДП се залага за економија заснована на рамномерен регионален развој

Од:

„Економијата може да биде движечка сила на општеството само со поддршка на успешни економски политики. НСДП се залага тие да бидат независни и ослободени од административно-бирократските стеги како и од интересите на одредени интересни групи.

dobivaj vesti na viber

Целиме кон двојно поголем БДП од денешниот во период од 10 години, а еден од предусловите е рамномерен економски развој преку поттикнување на индустрискиот раст во руралните средини со отворање мали производствени капацитети, со што ќе се зголеми извозот на преработки од земјоделски производи“, рече портпаролот на Централниот изборен штаб на НСДП, Владимир Трајкоски.

„Приоритет на Владата треба да биде поддршката на науката и новите технологии, развој на јавно-приватно партнерство во сите сегменти, а клучот да биде во поставувањето доволно флексибилен буџет и фискален систем кој ќе биде подготвен да врши брза прераспределба на ресурсите на микро план.

Се залагаме за олеснување на пристапот кон кредити за малите и средни претпријатија, и претприемачите. Неопходна е дополнителна буџетска поддршка за компаниите со домашен капитал вклучени во добавувачките ланци на странски компании, како и финансиски стимулации за унапредување на техничко- технолошкото ниво на компаниите што е пак предуслов за унапредени производни процеси, а со тоа и инпути со поголема додадена вредност. Се залагаме за изградба на научно- технолошки паркови со цел технолошкиот парк да стане средиште на иновативниот бизнис. Секако, нивното формирање треба да биде во тесна врски со академските центри, што претпоставува формирање силни врски меѓу приватниот сектор и истражувачките академски центри.

Дајте ни можност да го реализираме сето ова и на 15 јули гласајте за Коалицијата „Можеме“ и Нова социјалдемократска партија“, изјави портпаролот на Централниот изборен штаб на НСДП, Владимир Трајкоски.

Би можело да ве интересира

НСДП: Не успеа обидот на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација со граѓаните со иницијативата за референдум

НСДП го прифати францускиот предлог

НСДП од политичките партии бара државнички однос при разгледување на францускиот предлог

Ана Ололовска

Мисовски избран за претседател на НСДП

Ана Ололовска

Трајковски: Одлуката на ЦО на НСДП за еден кандидат за претседател е недемократскa

Катерина Павлова-Николовска

НСДП: Централниот одбор го утврди Горан Мисовски за единствен кандидат за претседател на партијата

Катерина Павлова-Николовска