ВИДЕО: Новогодишна бајка на „Улица на радоста“

Од:

Вчерашниот ден на „Улица на радоста“ помина во вистинско празнично расположение. Насмеани лица, среќни дечиња, топло чајче и многу забава го направија првиот ден на Плоштад Македонија вистинска новогодишна бајка.

На плоштадот покрај базарот, на кој можат да се најдат рачно изработени предмети, топли напитоци, вкусна храна и разни подароци, посетителите можеа да уживаат и во претставата „Дедо Мраз во пензија“ каде Дедо Мраз придружуван од Белата и Темната кралица, ангелите и џуџињата приредија одлична детска претстава за најмалите.

Веднаш по претставата на актеритѕе им се придружи и новогодишната музичка парада и заедно прошетаа низ улица Македонија и плоштадот.

Претставатите ќе се одржуваат два пати дневно, секој ден до 31 Декември, од 13 и 18 часот, кога се очекува официјалното пристигнување на Дедо Мраз во 12 часот. Неговото пристигнување ќе биде изненадување за сите посетители а воедно ќе испрати и можна порака!.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето