ВИДЕО: Новинарски пленум бара оставка од Пешевски заради нападот врз Саше Политико

Од:

Новинарскиот пленум денеска со протест пред Владата изрази поддршка за нападнатиот новинар Саше Ивановски Политико.

Новинарите од Пленумот се револтирани и згрозени од постапката на вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, кој вчера на улица во центарот на Скопје, физички го нападна Ивановски откако тој му постави прашање.

– Поскандалозно од нападот е соопштението на ВМРО-ДПМНЕ со кое се охрабруваат насилниците бидејќи во него се укажува дека „Саше го заслужил нападот“. Соопштението ги охрабрува другите физички да го нападнат тој што не е нивни истомисленик или поставува незгодно прашање, рече Ида Протугер.

protestNovinari16juli (1)

Новинарски пленум побараа оставка од Пешевски што е нешто што најмалку може да го направи, бидејќи во спротивно, ќе се сфати дека премиерот кој е и прв човек на партијата ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува насилниците и пресметките со неистомислениците.

protestVlada12

Досега, според пленумот, од партијата употребуваа софистицирана агресија преку нивни медиуми, тужби на новинари, но со овој случај постапките ескалираа.

protestVlada12novinari

Новинарски пленум потсети дека премиерот Груевски и во една од „бомбите“ охрабрува таков вид однесување кога нарачува „два-три шамари“, притоа наведувајќи дека тоа не е кривично туку прекршочно дело.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

„Политико“: Балансирање на Вучиќ меѓу Истокот и Западот – европски „љубовен“ триаголник

А1он

Политико: Трамп и десетина негови поранешни соработници на иранската листа за отстрел

A1on

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он