ВИДЕО: Новинарката Кристина Атовска избркана од Сител заради критичка колумна за Јанкулоска

Од:

Новинарката Кристина Атовска која работеше во утринскатата програма на телевизијата Сител, на 8 март, била отпуштена од работа заради критичка колумна за поранешната министерка Гордана Јанкулоска.

Колумната ја објавила на порталот „Позитив.мк“, a два дена по објавувањето, таа била викната од уредникот кој и соопштил дека веќе нема да работи во Сител.

– Ме викна уредникот и директно ми кажа дека колумната под наслов „Новинарскиот имунитет за Јанкулоска“ ми направила проблем и поради неа ќе мора да ми го прекинат ангажманот, не можам да шпекулирам по чија наредба бев отпуштена, рече Атовска.

Таа вели дека секогаш професионално ги извршувала задачите и дека ја почитувала уредувачката политика на Сител.

Атовска се обратила до ССНМ, а претседателката Тамара Чаусидис рече дека веќе подолго време Синдикатот предупредува на вакви притисоци и закани кон новинарите и ретки се ситуациите кога зад своето мислење новинарот стои со име и презиме.

– Би сакала да укажам и јавно ја повикувам телевизија „Сител“ да ја препознае вредноста во имањето во своите редови новинарски имиња со интегритет, што не се срамат да го искажат своето мислење, што знаат да ги артикулираат своите ставови. Сител треба да ја врати Кристина на работа, рече Чаусидис.

Таа апелираше до колегите во Сител, кој формираат свој синдикат да се заложат и да ја вратат Атовска на работа, која рече дека повторно би се вратила да работи во телевизијата.

Чаусидис информираше дека за случајот ќе бидат известени Меѓународната федерација на новинари, организацијата Репортери без граници и Европската федерација на новинари.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on