ВИДЕО: Нова модерна и енергетско ефикасна фасада и за СУГС „Цветан Димов“

Од:

СУГС „Цветан Димов“ е уште едно училиште кое ќе добие нова енергетско ефикасна фасада, со што Град Скопје продолжува да инвестира во средното образование. На почетокот на градежните работи за реконструкција на фасадата присуствуваше градоначалникот Шилегов.

– Новата енергетски ефикасна фасада на „Цветан Димов“ ќе има специфичен визуелен и естетски стил, односно ќе биде стаклена со алуминиумски композитни панели во боја. Оваа реконструкција ќе заштеди енергија и полесно ќе се одржува температурата во зимскиот и во летниот период во училиштето. Учениците и професорите ќе имаат поквалитетни и подостоинствени услови за настава – рече Шилегов.

Градот Скопје само минатата година инвестираше во повеќе сегменти од образованието – половина од училиштата добија енергетско ефикасни фасади, во другата половина од училиштата се реконструираше внатрешноста во согласност со потребите, беа обезбедени стипендии за над 100 средношколци спортисти, а беа ангажирани и 17 образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби.

Исто така, сите средношколци без исклучок добија бесплатен јавен градски превоз, а во осум училишта беа направени тоалети за лицата со попреченост и беа обележани паркинг-места за лицата со посебни потреби во кругот на училиштата.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен