(ВИДЕО) Нов „Луна парк“ тежок 400 милиони денари ќе се гради во Скопје

Од:

Нов забавен „Луна парк“ тежок 400 милиони денари ќе се гради на местото на веќе постоечкиот и нефункционален „Луна парк“, рече денеска советничката на Град Скопје, Слободанка Алексовска.

Овој забавен парк ќе се простира на површина од околу 24 илјади метри квадратни, а замената на дотраените реквизити кои датираат од 1973 година ќе биде завршена до 2018 година.

– Станува збор за проект кој е од исклучителна важност за развоен, културно историски и спортски рекреативен туристички центар кој со изградба на еден ваков нов и модерен забавен парк ќе понуди забава и возбуда, а во исто време ќе пружи и голема безбедност за сите негови посетители, вели Алексовска.

Главниот забавен дел ќе има два адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити, а во Луна паркот ќе има и езеро, ресторани и продавници за сувенири и слатки.

Советниците од СДСМ ја поддржаа оваа одлука на Градот, иако, како што велат, оваа одлука требало да се донесе пред 6 години кога советниците од СДСМ го дале истото решение, а тоа не било прифатено. Според советникот на Град Скопје, Драги Давчевски, сега не е времето за градење на паркот, бидејќи има и други теми кои влијаат на граѓаните и кои бараат итно решавање, а тоа е загадувањето.

– Ние велевме дека не треба „Луна паркот“ да се дава на никаков концесионер кој што со паркот ќе стопанисува 35 години, туку треба Градот Скопје со сопствени средства за сопствените потреби да го изгради овој парк, да го одржува и да стопанисува со него. Еве конечно после 6 години доаѓа таа иницијатива и Градот конечно го прави овој „Луна парк“ онака како што ние го предложивме. Значи, ако се прифатеше нашето сугерирање дека треба така да се направи „Луна паркот“, тој до сега ќе беше во експолатација и во функција. Вака само го изгубивме времето и место овие пари сега кои што се планираат за „Луна паркот“ да се потрошат за некои други неопходни потреби. Загадувањето ни е најголемиот проблем, ние сега се фаќаме да го градиме Луна паркот и да даваме сега, само оваа година 6,5 милиони евра. Ние сме токму за вакво решавање за Луна паркот, со соптсвени средства, меѓутоа дискутабилно е дали сега треба да се направи и со толку пари, инаку ја поддржуваме одлуката, рече Давчевски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето