(ВИДЕО) „Но пасаран“: Плаќањето парно за тие што не го користат е криминал

Од:

Граѓанското здружение „Но пасаран“, денеска пред просториите на регулаторната комсија го одржа 137 протест, како потсетување до надлежните дека искучените граѓани кои плаќаат парно треба да бидат обештетени.

Тие велат дека нема да се откажат од правдата и нема да престанат да протестираат се додека не се донесе новиот Закон за енергетика преку кој се очекува да се укине паушалот за граѓаните кои не користат топлинска енергија, а цевки на Бег поминуваат низ нивните домови.

Воедно граѓаните бараат, како што велат, да се истражи мрежата и поврзаните во криминалот со толинската енергија да сносат одговорност, а тие да бидат обештетени.

„Значи се работи за цела мрежа во која се вклучени голем број структури. Од новата власт очекуваме да се зафати со работи да ги раскине тие структури и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. Три години ја бараме правдата и нема да запреме тука, порача, Маријан Ненов од „Но пасаран“.

Од 2013 до сега од „Бег“, се покренати судски постапки против 40.000 граѓани, од нив за 20.000 судовите донеле пресуда во корист на претпријатието. Оштетените, тврдат дека судските процеси се воделе нетранспарентно и без доволно докази.

„Скоро сите пресуди се изречени во наше отсуство. Не се земени в предвид, ниту докази ниту изјави на сведоци. Освен тоа законот не е на наша страна. Но, не се откажуваме. Оваа пракса мора да се смени, каде се тука човековите права, овој систем не функционира, не соголија“ додаде Агапи Тофиловска.

Според кажувањата на оштетените граѓани, новиот закон за енергетика се очекува во Собранието да пристигне кон средината на ноември. Порачаа дека нема да дозволат да се донесе закон без нивно и присуство на експертската јавност.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов