(ВИДЕО) Ниту еден од обвинетите, не се чувствува виновен за убиството на Денис Тот

Од:

Првоосомничениот за убиството на Тот, Анџело Ѓорѓиевски од Волково, Клементина Лефковска од Драчево, Андреј Костовски од Ново Село, не се чувствуваат виновни за убиството на ракометарот Денис Тот пред ноќен клуб во Скопје. Сите разбираат за што се товарат и зошто се на обвинителна клупа.

„За кривичното дело и за обвинителниот акт не се чувствувам виновен. Не признавам вина“, кажа Ѓорѓиевски.

„Го разбирам обвинението. Не се чувствувам виновна“, кажа Лефковска.

„Не се чувствувам вина за ова дело кое ми се става на товар“, кажа Костовски.

Обвинителката од Скопското јавно обвинителство даде воведни зборови во кои кажа дека тројцата обвинети и Тот, излегле од ноќниот клуб во парк за да си одат, влегле во такси возило кое стоело пред ноќниот клуб, па по кратка расправија во таксито, обвинетиот Костовски излегол, дошол до Тот кој се уште бил во возилото и започнал да го влече за рака за да го извади од возилото.

„Откако излегол оштетениот надвор, имало вербална расправија, Андреј се оддалечил и застанал до предната десна врата на возилото. Обвинетата Клементина, излегла од задната лева врата на возилото и најпрво почнала да го турка оштетениот со двете раце по градите. Во тој момент, од возилото од задната лева врата, излегол и обвинетиот Анџело кој ја оттргнал обвинетата Клементина од оштетениот и го удрил најпрво со денсата рака со тупаница во пределот на левата страна на главата, а потоа, со тупаница, со левата рака, во пределот на десната страна од главата. По што оштетениот од ударите паднал на асфалтот и додека истиот лежел на асфалтот, обвинетиот Андреј му се приближил и го удрил со нога во пределот на телото. А потоа, и обвинетата Клементина, со нога го удрила во пределот на главата, при што обвинетиот Анџело ја оттргнал, но истата повторно дошла до оштетениот и со десната нога, во два наврати го удрила оштетениот во пределот на главата. Притоа и обвинетиот Андреј, со тупаница, го удрил оштетениот во пределот на главата, по што, обвинетите Анџело и Клементина, влегле во такси возилото со намера да си одат, но обвинетата Клементина, повторно излегла од возилото и повторно го удрила со нога во пределот на градите“, кажа обвинителката.

По овие удари, Тот имал повеќе повреди, кои биле тешки, а како резултат на тие повреди, тој паднал во кома и бил пренесен во Ургентниот центар.

„Како резултат на нагмечувањата во пределот на главата, како резултат на настанатата траума на главата, дошло до, пореметување и прекин на активноста на мозочните неурони, кое резултирало со смртен исход“, додаде обвинителката Тања Трајчевска.

Рочиштето се одложи за да адвокатите подготват одбрана за своите клиенти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Казната е во рамки на законски предвидената казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Казните се драконски, ова е неправда“, реакции на адвокатите чии обвинети добија вкупно 52 години затвор

Кристијан Ландов

Лелек, тензии и негодување за високите казни од обвинетите: „Кај ќе ви оди душата?“, „Ќе ме избркате од судница?, „Чист сум пред Бога“

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Анџело и Клементина добија по 18 години затвор, а Андреј 16 години за убиството на Денис Тот

Кристијан Ландов

ВО ЖИВО: Пресуда за убиството на ракометарот Денис Тот

Ландов

Адвокатот на Анџело: Нема убиство на Денис Тот, предлагаме ослободителна пресуда

Кристијан Ландов