Инспирирана од Нина од Нови Сад, малата Марија од Гевгелија продава крофни на плоштадот во градот за да помогне во собирањето пари за лекување на Луна. Луна кој не ја познава истот така е девојче од Гевгелија која има напредна фаза на сколиоза и треба да оди на операција во Турција.
Потребни се 65 илјади евра за операцијата.
Засега продажбата на Марија оди успешно. Вчера на нејзиниот шанад имаше многу гевгеличани кои купуваа од крофните. Покрај Марија и уште две деца, Петар и Силвија, исто така со продажба се обидуваат да помогнат во собирањето пари за Луна.
Паралелно отворени се и телефонските броеви за донации: Телеком 143 – 103 и на А1 143 – 478 на кои може сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција.
Приказната на Нина од Нови Сад која со продажбата на крофните собираше пари за лекување на татко и го освои Балканот. Таа успеа во намерата и ги собра потребните средства.