(ВИДЕО) Николовски: За повеќе пари во секое семејство ќе има просечна плата од 30.000 денари

Од:

„Денеска разговараме за граѓаните на Велес. Го претставуваме нашиот план за живот во Македонија.

Минималната плата ќе ја зголемиме на 16 илјади денари, и таа ќе се однесува и за вработените во индустријата за текстил обувки и кожа. Вложениот труд мора да го цениме и да го почитуваме на работниците. И фирмите ќе ги поддржиме од оваа индустрија се со цел да исплаќаат минимална плата.

Секоја фирма за секое работно место ќе добие по 1900 денари. Уплатениот персонален данок од страна на работодавците за вработените за исплаќањето на минималната плата, ќе го враќаме назад на работниците.Тој наместо во државата ќе се исплаќа на работниците. Просечната плата ќе ја зголемиме односно ќе биде 30 илјади денари на крајот на нашиот мандат. За да во секое семејство, со двајца вработени има по 1000 евра, кој што ќе бидат доволни и неопходни за сите потреби на секое семејство, 140 милиони евра од нашиот план за живот во Македонија, предвидуваме за поддршка на домашните мали и средни компании.

Оваа подршка ќе се однесува за создавање и креирање на добро платени работни места. За фирмите да вработуваат и да исплаќаат просечна плата ќе обезбедиме по 108 илјади денари за вработување на невработено лице до 50 години, со услов да добива бруто просечна плата. По 162 илјади денари, за вработување на лица од ранливите категории на граѓани за да добива бруто просечна плата во државата.

И по 72 илјади денари за вработвање на лица од администрацијата ако му се исплаќа бруто просечната плата. За повисоки плати, за подобар животен стандард, за повеќе пари во секое семејство, ги повикуваме граѓаните, да гласаат за бројот 4, да одберат живот во Македонија“, изјави Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски