• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Николовски: Веднаш да се исплатат субвенциите на земјоделците, а Иванов да овозможи нова одговорна Влада!

by А1он15/03/2017 - 15:0770
Share0

„Повикуваме веднаш да бидат исплатени субвенциите за земјоделците.

Добивај вести на вибер

Вистинското решение и излез од кризата е сепак Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на новата демократска и реформска Влада.

Не да бега од државата и да ги остава на цедило и земјоделците и цела Македонија, само за да му помогне на Груевски во заштита на криминалните и продолжување на оваа криза.

Досегашната власт во заминување нема капацитет да работи во интерес на граѓаните.

Министерот Цветков прво се оправдуваше дека требало да се направат измени на законите.

Откако стана јасно дека тоа не поминува, сега се оправдува со оставката на директорот на Платежната агенција.

Што правеа досега Платежната агенција и министерот во заминување, за земјоделство Цветков?

Зошто субвенциите не се исплатени како што е законски во текот на 2016-та, календарска година.

Зошто не се исплатени стотици милиони евра останати субвенции од претходните години, сето тоа можеше и мораше да биде направено досега.

Станува збор за субвенции што не им се исплатени и од 2016 година, но и субвенции којшто со години наназад не се исплатени!

Ја разбираме маката на земјоделците.

Граѓаните со право си ги сакаат парите што им следуваат по закон!

Со давањето на мандатот, како што му наложува Уставот, Иванов ќе овозможи да се спроведе тоа што стои во Програмата на новата реформска Влада на граѓаните: редовни согласно нов календар субвенции и зголемени на 160 милиони.

Новата Влада веднаш ќе се зафати со решавање на прашањето на ова огромно задоцнување на исплатата на субвенциите како резултат на криминалните политики на досегашната Влада“, изјави Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он30/01/2026 - 17:3730/01/2026 - 18:29

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

Горан Наумовски30/01/2026 - 14:54

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

Горан Наумовски30/01/2026 - 12:16

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски30/01/2026 - 08:5530/01/2026 - 08:58

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

Горан Наумовски29/01/2026 - 18:38

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски29/01/2026 - 18:3829/01/2026 - 19:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен