(ВИДЕО) Николовски: Ревизија и враќање на земјата кај вистинските земјоделци

Од:

Денеска сме во Карбинци и тука сме сведоци на уште една огромна неправда во режија на Груевски, Мијалков и фамилијата. Хаосот во распределба на земјоделското земјиште го гледаме и овде во Карбинци, наместо на вистинските земјоделци, земјата се дава на пратеници, функционери, раководители, директори, новинари и на луѓе блиски на власта, вели Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Овде вистинските земјоделци имаат голема мака, со тоа што земјиште кое им е дадено на плодоуживање, пред неколку години пред истекот на договорот и по обраќање на самото министерство, за продолжување односно трансформирање на овој договор од полодоуживење во закуп, истото земјиште наместо вистинските земјоделци од овој крај, министерството за земјоделство, Владата, Груевски, го ставаат во јавен оглас што штотуку заврши.

Оваа е една голема неправда којашто им е направена на вистинските земјоделци, на кои ова земјиште овде им е единствена егзистенција. Оваа неправда е уште еден доказ, дека ревизија на распределбата на земјоделското земјиште мора да има. Јас како дополнителен заменик министер, во овој период на организацијата на изборите, ќе ги употребам сите мои инструменти и надлежности што ми ги дава закнот за да оваа неправда ја исправиме.

Но, она што го гранатирам и она што е мерка во нашата Програма е ревизија на државното земјоделско земјиште, мора да има генерална ревизија, после изборите мора ова земјоделско земјиште од кое што луѓето егзистираат, да се даде на вистинските земјоделци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите