(ВИДЕО) Николовски: На 11 декември да заокружиме 4 за повисоки плати

Од:

„Почитувани, ги посетивме сите градови, населени места, села во ИЕ 3.

Зборувавме со луѓето за нивните потреби, за нивните проблеми, за она штое е решеније во нашиот План за живот во Македонија.

Луѓето сакаат живот во Македонија.

Луѓето сакаат шанса за живот тука во Македонија.

Живот во Македонија за сите значи повисоки плати и повисок животен стандард.

Се обврзуваме, минималната плата до крајот на четири годишниот мандат да биде 16.000 денари за секоја индустрија, за секој вработен, а просечната плата ќе биде 30.000 денари. Со двајца вработени и со 1.000 евра во семејниот буџет, секое семејство ќе може да ги покрие сите животни трошоци. Да има за одмор, за храна, за облека, за нова соба.

Ќе ја исправиме неправдата што и Никола Груевски продолжува да ја прави кон работниците од индустријата за кожа, облека и текстил. Ние се обврзуваме – и тие ќе земаат плата од 16.000 денари.

Ние имаме план за Македонија којшто Никола Груевски никогаш го немал.

Кога ќе заокружувате помислете дали сакате уште 4 години преживување или сакате шанса за живот, живот со повисоки плати.

За да има живот во Македонија мораме оваа наша одлучност да ја преточиме на денот на изборите во гласачките кутии.

ИМАМЕ ВИЗИЈА ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА. И ЌЕ ИМА ЖИВОТ ВО НАШАТА МАКЕДОНИЈА!

Време е да излеземе сите и да го заокружиме број 4 за живот во Македонија“, изјави Љупчо Николовски, носител на каднидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски