(ВИДЕО) Николовски: Груевски ја довел шумската полиција до колапс

Од:

Продолжуваме да работиме во интерес на сите граѓани. Во изминатиот период добивме голем број на информации, официјални дописи од вработени и командири од Шумско полициски станици, за алармантно лошата состојба во овој исклучително важен дел од Министерството за земјоделство, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како дополнителен заменик министер остварив повеќе контакти и разговори со вработените, вклучително и со раководителот на Шумската полиција и по направените анализи за жал може да констатираме дека работата на шумската полиција е пред колапс.

Поразителна е состојбата во оваа значајна служба којашто нема основни услови за работа и нормално функционирање согалсно законот.

Причина за оваа лоша состојба е запоставувањето на овој сектор од страна на Никола Груевски.

Иако бројот на вработени од 2006 година е тројно зголемен, состојбата со кражбата на дрва е влошена.

На овие овластени службени лица со посебни должности и овластувања кои немаат бенефициран стаж им се исплатува плата по правилник, а не според Законот за работни односи и колективниот договор за административни работници.

Дополнително, не правилно се пресметуваат надоместоците на плата за работа за време на празници и неработни денови, немаат посебен колективен договор, а само 7 од 30 шумско полициски станици имаат командири.

Вработените чија работа е теренска, во планина и во лоши временски услови, со сериозни ризици, задолжени со лично и формациско вооружување и како што самите вработени велат работа поврзана со криминални банди, немаат основни услови за работа.

Недозволиво со месеци вработените да немаат гориво за возилата, да функционираат со голем дел неисправни возила, да сами мора да се снајдат за униформа како знаат и умеат бидејќи последен пат со неа се задолжиле пред 7 години.

Несериозно и крајно неодговорно е вравботените да немаат основни материјално технички средства и опрема, да работат на компјутери од 1999 година.

На кого му одговара ваквата состојба во којашто работи и функционира шумската полиција во државата?

Оправдување за оваа катастрофална состојба нема.Функционирањето на овој сектор во Министерстсвото за земјоделство е важен за сите граѓани, бидејќи се обезбедува заштита на шумите од дива сеча.

Oва се само дел од проблемите и маките нашумските полицајци за кој и покрај нивното обраќање до сите институции, власта на НиколаГруевски, нема слух.

Затоа, јавно барам наместо за споменици, скулпутри, мерцедеси и телевизори Владата веднаш да обезбеди средства за работа и функционирање на шумската полиција.

Јасно давам поддршка на писмениот предлог на минситерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, за итно формирање на работна група од неколку министри што ќе изнајдат решенија за статусот и проблемите на овие вработени.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар