(ВИДЕО) Николовска: ДКСК да ја утврди поврзаноста и влијанието на Рашковски, Начевски и Пиперевалиев

Од:

„Четврт ден молк од страна на власта за скандалозниот тендер во четири очи помеѓу ЈП Дрисла и фирмата „Алпима тим“ ДООЕЛ Струмица.

Јавно прашавме дали првиот братучед на сопругата на Рашковски, доделил тендер во 4 очи од над 12 милиони денари на близок роднина на Драги Рашковски и се уште не добивме одговор од власта.

Уште еднаш прашуваме, дали Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев кој е сопственик на фирмата која го доби тендерот се во блиска роднинска врска, односно втори братучеди?“, прашува Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Драги Рашковски е главната алка во добивањето на овој тендер каде што еден негов роднина го доделува на друг роднина?

Бараме од Комисијата за спречување корупција да отвори случај и да ја утврди поврзаноста помеѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев и поврзаноста помеѓу Драги Рашковски и Коста Начевски и каква улога имал истиот Драги Рашковски во доделувањето на овој тендер помеѓу неговите роднини?

Економијата тоне, државата крахира, а роднините на Драги Рашковски си доделуваат тендери меѓу себе.

Јавноста сама може да процени која била улогата на Драги Рашковски во овој тендер.

Државната комисија за спречување корупција има полни раце работа со овој случај, и бараме само да се отвори што е можно побрзо и да се утврди поврзаноста помеѓу Драги Рашковски, Коста Начевски и Александар Пиперевалиев.

Одговорност мора да има. Празнењето на Буџетот на граѓаните во време на вонредна состојба, додека над 160.000 граѓани остануваат без редовни примања е случај за кој треба да се сноси одговорност.

Драги Рашковски, Петре Шилегов, Коста Начевски и сите останати инволвирани мора да сносат одговорност“, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски