(ВИДЕО) Николова: Со новиот Закон за заштита на потрошувачите ги штитиме граѓаните и нивниот стандард

Од:

„Владата предводена од СДСМ вчера го усвои новиот Предлог Закон за заштита на потрошувачите. Преку ова законско решение се обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, но и се гарантираат полесни услови за деловно работење на компаниите“, рече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите овој закон ќе овозможи подобро остварување на правата на потрошувачите.

За првпат со овој Предлог Закон сериозно внимание се става на санкционирање на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги тука и недвижностите, дигиталните услуги и содржини.

Потрошувачите чии права се повредени преку нечесни трговски практики, измамнички и агресивни трговски практики од страна на трговецот имаат право на надомест на штетата, на сразмерно намалување на цената и раскинување на договорот, додека за трговците се предвидени глоби, санкции и забрана за вршење на дејност.

За прекршување на одредбите од овој закон предвидени се глоби од 50 до 500 евра за одговорно лице и трговец поединец, односно од 500 до 10.000 евра за трговците во зависност дали станува збор за мал, среден или голем трговец.

Светската економска криза на површина извади многу нечесно и измамничко постапување на одредени трговци на штета на потрошувачите.

Со овој закон значително ќе се унапреди заштитата на потрошувачите и ќе се стави крај на неетички, измамнички пракси од страна на трговците.

Согласно постапката овој Предлог Закон ќе влезе во собраниска процедура и очекуваме сите пратеници да го поддржат за тој да биде што поскоро усвоен и да стапи на сила.

Заштитата на граѓаните и нивниот животен стандард останува врвен приоритет за парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ“, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните