(ВИДЕО) Николова: Под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ СДСМ организира собир на наставници

Од:

Пред самиот почеток на учебната година, јасно е дека Мицкоски и Јаневска немаат концепт ниту јасен план за развој и подобрување на образованието. Целосно го погазија ветувањето за зголемување на платите на наставниците. Секојдневно слушаме некакви изговори, а вистината е дека власта на ДПМНЕ не сака да ги зголеми платите за 12% во овој септември. Со СДСМ наставниците секоја година, новата учебна година ја започнуваа со повисока плата, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

– Во септември 2022 и 2023 година, СДСМ ги покачи платите во образованието на два пати по 15 проценти. Претходно, во септември 2021 година покачувањето беше од 10 проценти, а во септември 2019 и 2020 година по 5 проценти. Kумулативното, СДСМ ги зголеми платите во образованието за над 55 проценти. Дојде ДПМНЕ на власт, дојде септември и сега нема пари за наставниците.

Нема квалитетно образование без инвестиција во образовниот кадар. Но не се само платите. ДПМНЕ не сака да ја намали ниту непотребната административна работа која се бара од наставниците. ДПМНЕ нема слух за потребата од вклученост на наставниците и стручните служби од училиштата, во процесите на донесување на реформи и образовни политики. Просветните работници не сакаат да бидат потценети, девалвирани и уценети, пренатрупани со технички активности кои ги одвлекуваат од суштината на воспитно образовниот процес.

СДСМ е на страната на наставниците и бара од Јаневска и Мицкоски веднаш да ги променат погрешните политики во образованието. Утре, недела, на 1 септември СДСМ, преку Комисијата за образование организира собир на наставници и просветни работници. Собирот ќе биде пред Министерството за образование и наука во Скопје со почеток во 11.30 часот. Под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ ќе побараме да се покачат платите во образованието за 12% и да им се исполнат барањата на наставниците.

Овој собир, пред почеток на училишната година е еден аларм, едно предупредување. Тоа е собир на којшто ќе биде искажан револтот од погрешните политики во образованието од страна на владата на ДПМНЕ и Весна Јаневска. Ги покануваме сите просветни работници, без разлика на нивните политички убедувања, да ни се придружат. Заедно да го искажеме незадоволството и да го кренеме гласот, да извршиме притисок врз власта за да ги промени погрешните политики. Заедно, мора да ги вратиме достоинството и почитта кон наставниците – кажа Николова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски