(ВИДЕО) Николоски: Поддршка за Прилеп и прилепчани, заедно ќе го поминеме и овој предизвик

Од:

„Драги прилепчани јас сум сигурен дека и оваа битка ќе ја добиете! И од оваа битка исто како и во историјата и денес Прилеп ќе излезе како победник!

За жал од ден во ден расте бројот на заболени од коронавирусот. Прилеп се соочува со голем предизвик – да се заштити здравјето на оние кои се заболени од вирусот и да се спречи понатамошното ширење. Посакувам брзо опоравување на сите. Изразувам сочувство на семејствата на починатите“, рече Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Посакувам што помалку лоши вести да доаѓаат од Прилеп. За ова да се случи потребно е итно да се направи масовно тестирање на поширока бројка на луѓе кои индиректно би можеле да бидат под опасност. Тестови мора да се набават и да се направи ова тестирање за да се откријат сите жаришта. Бројот на тестирани во Прилеп треба да се брои во илјадници, а не како што е сега. Што повеќе тестирани толку подобра слика за здравствените работници да можат да помогнат на сите.

Повикувам во Прилеп на испомош од другите болници во Македонија да се испрати соодветен медицински персонал пред се инфектолози. Исто така повикувам да се зајакнат капацитетите на Битолската клиничка болница, како најголема болница во околината на Прилеп. Секако да се створат и што поголем број капацитети во Скопје за потешките случаи. На сите мора навремено да се помогне!

Исто така повикувам што побрзо да стигаат резултатите на веќе тестираните. Информациите од Прилеп се дека луѓето чекаат по 5-7 дена за резултат. Тоа е недозволиво долго време. Драгоцено изгубено време, зашто доколку навреме се детектира вирусот и веднаш се почне со терапија многу поголеми се шансите.

Да се дозволи поголема слобода во однос на проценката на матичниот лекар за креирање на упати преку системот мој термин, да се направи скрининг на здравствениот персонал. Тие се нашите херои и се на првата борбена линија.

Нив им е потребен соодветен заштитен материјал и опреми кои што им се потребни и кои Министерството за здравство мора итно да ги обезбеди. Исто така потребна е итна поддршка за стопанството – од најмалиот дуќан во прилепската чаршија до најголемата фабрика. На сите им треба поддршка. Особено се погодени дуќанџиите, малите семејни бизниси, занаетчиите и сите кои што живеат од својот труд. Ова се тешки денови за нив, а за жал доаѓаат уште потешки.

Потребни се посебни сет на мерки и субвенции за сите нив. Затоа што стопанството мора да преживее за да може после кризата да се опорави и луѓето да ги задржат своите работни места.

Сите капацитети што стојат на располагање мора да се искористат. Мора да му се помогне на Прилеп како и на цела Македонија. Нема место за политика, сега е време да се спасуваат животи!

Поддршка за Прилеп и прилепчани! Заедно ќе го поминеме и овој предизвик!“, изјави Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски