(ВИДЕО) Николоски: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги децентрализира буџетските трошења, пари за локалните инфраструктурни проекти ќе бидат исплатени кон општините

Од:

Присуствувам скоро на завршување на еден витален исклучително значаен проект за сите жители тука, затоа што како што еден жител тука кажа ова се проблеми кои се педесетина години нерешени и морам да честитам на градоначалникот на Општина Новаци затоа што навистина посветено работи со скромните средства што ги има општината да реализира што повеќе проекти, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 4.

– Ова беше општина која тој ја затекна како екстремно задолжена општина со огромна задолженост имајќи ја во предвид општината, а сега е веќе општина во позитива која секоја година одвојува значајни средства за капитални расходи. По парламентарните избори веќе ова лето ќе почнеме да работиме на децентрализација на средствата од буџетот и значајни средства ќе влегуваат и од централниот буџет некаде околу 2 до 2,5 милиони евра ќе влезат во еден инвестициски циклус од 4 години дополнително на она што е буџет на општината со цел да можат најголем дел од потребите на целата општина да бидат решени. Би сакал уште еднашка да честитам на градоначалникот, на советот, на сите кои се ангажирани во овој проект и да се гледаме на уште многу нови проекти – истакна Николоски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Ветувавме дека нема да има уставни измени под бугарски диктат и немаше, сега ќе нема влада со ДУИ

(ВИДЕО) Николоски: Очекувам во четвртата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 13-14 пратеници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Николоски од Струмица: Врвен претставник на криминал и корупција во Македонија е Артан Груби, доаѓа време на одговорност

Николоски од Радовиш: Филипче е човекот кој го уништи здравството, ќе биде запишан на најцрните страници

Николоски: Во првите 100 дена од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесеме измените на Законот за тутун со кој се забранува увозот на тутун