(ВИДЕО) Несторовска: Нова Влада може само да ги заштити жените работнички, итно да се овозможи формирањето!

Од:

„Итно мора да се овозможи изборот на новата реформска Влада, којашто ќе ги заштити сите граѓани, меѓу нив и жените работнички од тенденциите на зголемено кршење на работничките права.

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за спас на раководството на партијата ги кочат демократските процеси со блокадата на Парламентот, илјадници работнички и работници секојдневно се соочуваат со мобинг, уцени, закани, катастрофални услови за работа. И не можат да побараат помош бидејќи системот е блокиран!

Доколку Македонија имаше функционална, а не блокирана држава, денес немаше надлежните органи да толерираат бремени жени да работат трета смена!

Форумот на жени на СДСМ укажува дека ова најгрубо кршење на Законот за работни односи, што децидно забранува бремени жени да работат ноќе! Немаше работнички да завршуваат во болница отруени од храна со бактерии. Тоа го покажува последниот случај во јавноста. И тој не е единствен.

Во Македонија со години најдрско се кршат работнички права, особено во т.н. странски инвестиции поврзани со власта во заминување, поради што и надлежните државни органи не реагираат. Ова посебно оди на штета на жените работнички. Се отпуштаат од работа самохрани мајки, бремени жени. Текстилни работнички работат од 12-15 часа дневно, без да им се исплаќа надомест за прекувремена работа.

Во некои случаи воопшто не им се исплаќа плата со месеци! Се уценуваат жени и девојки да не планираат проширување на семејството, ако сакаат да го задржат работното место.

Новата реформска Влада има јасна определба за покачување на платите на работниците, преку поддршка на домашните претпријатија и раст на економијата, како и реални странски инвестиции. Паралелен процес на ова, ќе биде и заштитата на работнички права, особено преку нов Закон за работни односи и договарање на работните односи преку колективен договор во приватните компании. Синдикатите ќе бидат ослободени од какви било притисоци за да можат да си ја работат својата работа – заштита на работниците.

Во делот за заштитата на жените работнички ќе се гарантира враќање на истото работно место по породилното отсуство и дополнителна законска заштита на бремените жени работнички, а со тоа и безбедно мајчинство и подобро здравје.

Новата реформска Влада ќе го зголеми бројот на инспектори за труд и инспектори за безбедност и здравје при работа. Да не се повторат примери на труења, или незаконски отпуштања. Државата е таа којашто треба да им овозможи на претпријатијата да се грижат за своите работници и да обезбеди почитување на законите за заштита на работничките права. Новата реформска Влада тоа ќе го направи.

Неопходно е веднаш да се реализира мнозинската волја на граѓаните и да се овозможи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата реформска Влада на граѓаните“, изјави Магдалена Несторовска, претставничка на Форумот на жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски