(ВИДЕО) Несторовска: Јакимовски мора да ги слушне граѓаните кои си ги сакаат парковите, а не гаражи

Од:

На ова место каде што се наоѓаме веќе е пресечено првото дрво. Ќе биде порамнет со земја целиот парк. Тука Стевчо Јакомовски и ВМРО-ДПМНЕ ќе градат катна гаража. Ова нема да биде единствениот уништен парк во општина Карпош, туку еден од неколкуте кои ќе исчезнат, за Стевчо Јакимовски и партнерот Груевски да градат гаражи. Тоа е предвидено во новиот Детален урбанистички план што планираат да го донесат, рече Магдалена Несторовска, советничка и координаторка на советничката група во Советот на општина Карпош.

Кого лаже Јакимовски за неговите намери? Планот морало да се донесе, ама тој нема да го сечел зеленилото?! Граѓаните да му веруваат на зборот.

Граѓаните не му веруваат. Тие го кажаа своето. Собраа 2400 потписи со коишто бараат да организира Собир на граѓани. Со тоа, треба да се повтори јавната расправа што ја бутна среде лето кога луѓето не беа дома за да се изјаснат. Собрани се 3 пати повеќе потписи од законски предвиденото. Ова му наложува на Јакимовски да ја послуша волјата на граѓаните.

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери јавно дадоа поддршка на граѓанската иницијатива за собирање потписи. Се потпишавме и на иницијативата за собирање потписи што тече во ДИК за враќање на новоподготвениот ДУП во фаза на јавна презентација и јавна анкета.

Градоначалникот ја има шансата наместо да предлага фиктивен ДУП, да се спротивстави на структурите кои му ја испорачуваат сметката од коалицирањето.

Штом Стевчо Јакимовски декларативно, и вчера, повтори дека дава подршка на граѓаните, тогаш ајде заедно да направиме нешто добро за граѓаните на Општина Карпош! Сите советници од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ, од партијата на Јакимовски, едногласно да го усвоиме предлогот на граѓаните!

Со тоа ќе го прекинеме понатамошното малтретирање на граѓаните околу собирањето потписи. Ова е чесен, чист и јасен предлог.

Треба само Стевчо Јакимовски да собере храброст и да го поддржи.

Во спротивно, ова ќе упати на уште една потврда дека број еден за него и коалицисикиот партнер Груевски се бизнис интереси, а не граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски