ВИДЕО: Заборавена вклучена греалка по забава, можна причина за пожарот кај Машински факултет

Од:

Пожарот во Карпош 2, во близина на Машинскиот факултет избил во 7 часот и 30 минути утрово. Полицијата прави увид и ги утврдува причините поради кои избил пожарот. Досега, не се пријавени повредени лица.

„Околу 7:30 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Руџер Бошковиќ“ имало опожарена една барака, а друга била делумно опожарена. До овој момент нема пријавено повредени лица. Се врши увид, по што ќе се знаат причините за пожарот“, велат од МВР за „А1он“ и додаваат дека пожарот е локализиран.

„Кај машинскиот факултет е интервенирано со седум возила и 20 пожарникари. Пожарот е изгаснат во 10 часот и 20 минути. Во пожарот изгорела една барака, а другата е малку опожарена“, велат од Противпожарната бригада за „А1он“.

Оттаму информираат дека заборавена вклучена греалка, по забава е можната причина за пожарнот.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје