(ВИДЕО) Нелоски: Споделете ги вашите идеи и искуства, тука сме да помогнеме

Од:

„Во времиња на криза, народот мора да биде слушнат, а за нас како партија блискоста со народот ни е исклучително важна. Македонија е пред предизвик да ја мине оваа епидемија која ги покажа сите системски слабости на власта, пред се на здравствениот и на економскиот сектор. Пред сериозниот момент за малите фирми, работниците, земјоделците, општините, Власта се повеќе се затвора во безидејност.

Додека власта не држи чекор со проблемите, ние сите заедно мораме и можеме да си помогнеме. Посочете предлози како да им помогнеме на малите компании, на студентите и младите, на работниците, посочете како да ја одржиме економијата, како да ги спасиме работните места на работниците, како да преживеат локалните продавници каде работат вашите роднини, соседи, пријатели. Споделете идеи како да им помогнеме на лекарите, на полицајците, и на медицинските лица, оние кои се во првата линија сега! А, ќе ни требаат и утре! Затоа што епидемијата ќе мине, но борбата за економијата е таа која што ќе мора да ја добиеме!“, рече Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонскиот народ е мудар, знае да ги препознае моментите кога е потребен на државата. Македонскиот народ е мудар, бидејќи знае да препознае кој се грижи за нив. Македонскиот народ е мудар бидејќи и знае да препознае кој ги слуша!

Почитувани граѓани, низ историјата заедно сме минале низ многу искушенија, заедно ќе ги поминеме и овие предизвици. Споделете ги вашите идеи и искуства. Тука сме да помогнеме. Време е за работа и одлучност. А, оваа влада мора да покаже зрелост.

Ја отпочнавме иницијативата „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија“. Остануваме во контакт со Вас, преку електронска пошта испратете ни ги проблемите, мислењата, предлозите за надминување на кризата. Сите иницијативни внимателно ќе ги разгледуваме и анализираме и од нив ќе понудиме решенија пред институциите“, изјави Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски