(ВИДЕО) Нелоски: Антикризните мерки на Владата се недоречени и рестриктивни, тие не му помагаат на бизнисот

Од:

„Македонија ќе се спаси од коронавирусот, но нема да се спаси од беспарицата, сиромаштијата и економската криза поради катастрофалните економски мерки коишто ги носи Владата.

После објавувањето на сетот на мерки на владата во насока на заштита од претстојната криза, нема бизнисмен или стопанственик којшто не е збунет или загрижен од недостатокот на конкретна мерка за помош на реалниот сектор во државата.

Пакетот на антикризни мерки не се однесува на сопствениците и вработените кои работат во компании коишто бележат загуби во месец март. На вработените кои работеле помалку од 160 ефективни саати во месецот, вклучително и во кризниот месец април, мерките нема да ја покријат нивната минимална нето плата, односно тие ќе добијат помалку од 14.500 денари“, рече Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено оние компании коишто забележале добивка и исплатиле бонуси на своите вработени или дивиденда пред епидемијата, исто така не ќе можат да ја користат паричната помош од државата.

Владата со оваа уредба безмалку ги казнува фирмите заради нивното добро работење и затоа што ги наградиле своите вработени и проектирале развој пред започнување на кризата, па помошта за нив не е предвидена од страна на државата.

Оние компании пак коишто се веќе корисници на мерките кои се добиваат преку Агенцијата за вработување исто така не ќе можат да ја користат помошта од државата. Станува збор за илјадници претпријатија за самовработување, коишто не ќе можат да егзиситираат и да останат ликвидни во периодот што следи и истите нема да можат да земаат ни минимална плата од 14.500 денари.

Заев и Спасовски, не им излегоа во пресрет на граѓаните коишто имаат кредити во банка, бидејќи овозможеното одложено плаќање е со дополнителна двојна камата на главниот долг. Што ќе им е одложено плаќање на долговите на граѓаните, ако треба да платат двојно повеќе по завршување на кризата?

Власта со овие мерки дефинитивно го убива и туризмот. Први на удар се домашните капацитети, а подоцна и секој што се занимава со туризам. Освен кризата којашто му тежи на реалниот сектор, со носењето на уредбата до 31 мај да биде искористен целосниот годишен одмор за 2019 година и половина годишен одмор за 2020 година, на луѓето во овој сектор им става уште еден тег. На вработените во претпријатијата ќе им останат уште само 12 дена коишто ќе можат да ги користат за одмор во 2021 година.

Функционерите во власта треба да бидат свесни дека сетот на мерки е без ефект врз стопанството, тие ќе влијаат негативно и сериозно ќе го загрозат животот на илјадници граѓани.

Буквално ниту еден претставник од реалниот сектор не ги поздрави мерките што е доволен доказ дека мерките се лоши и недоволни. Стопанствениците се исплашени, а економскиот пакет е конфузен и недоволен за да им помогне.

ВМРО-ДПМНЕ апелира веднаш да се направи нов план на сеопфатни мерки за помош на стопанството, затоа што овие мерки се недоречени и рестриктивни, и само ќе ја зголемат дупката во буџетот.

Суетноста на владата не треба да биде пречка да се прифатат предлозите коишто ги дава ВМРО-ДПМНЕ за спас на стопанството и илјадниците работни места“, изјави Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024