ВИДЕО: „Нека разберат клетите душмани“, се пее пред Владата и се бара слобода за осудените за „27 април“

Од:

Со извици „Никогаш северна, само Македонија“, „Македонија, Македонија“ и пеење на „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна протестот со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април. На протестот се бараше и оставка на Владата со извикување „Оставка, оставка“.

„Борба те чека, борба за слобода. Нека разберат клетите душмани, македонско име, нема да загине“, се пее на протестот.

На протестот се присутни водачи на политички партии, меѓу кои Христијан Мицкоски, Јанко Бачев, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, партиски функционери.

„Слобода за македонските патриоти“, „Слобода за Горан Ангелов“, „Слобода за Игор Југ“ се само дел од транспарентите кои ги вејат присутните на протестите. Дел од нив ги носат македонското знаме и знамето од Вергина.

Протестот е организиран по повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, од неколку македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“. Покрај ВМРО-ДПМНЕ, Единствена Македонија, Интегра, и Подем исто така го поддржаа протестот.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за „крвавиот четврток“, односно упадот во Собранието. Апелација во февруари годинава казните ги намали и сите осудени добија вкупно 188 години затвор. Сите беа осудени поради тепањето и крвавите инциденти кои се случија. Дел беа гонети дека како службени лица не постапиле и дозволиле да се случи тепањето, додека останатите, дека го спровеле тепањето на пратениците и другите присутни во Собранието.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски