Јаким Неделков, претседателот на СОНК Јаким Неделков, во денешната дебата организирана од Радио МОФ ја откри информацијата што ја имале од СОНК, дека при екстерното тестирање во училиштата, некои од тестаторите што ги чуваат средношколците, ги охрабрувале да препишувааат и телефонски да бараат помош, за да им наштетат на наставниците кои штрајкуваат.
– Колегите кои што се во комисиите за екстерното тестирање, не ги извршуваат тие задачи бидејќи се во штрајк, но имаме информации од колегите како тоа се спроведува. Прашање е дали тие тестирани ученици ќе го покажат вистинското знаење на тој екстерен тест, со оглед на тоа што тестатори се сомнителни луѓе, кои не се ниту од училиштетот, ниту од комисијата за тестирање, тие се од разни училишта, од општински управи итн. Тие дозволуваат и препишување и самите тестари, според нашите информации, им поткажувгаат на учениците, дури идат дотаму што самите теастатори ги мотивираат да препишуваат, телефонски да бараат помош за решавање на тестовите за да добијат што повиски оцени и со тоа да се наштети на професорите кои што штрајкуваат, за да оцените воопшто не им се согласуваат, вели Неделков.