ВИДЕО: Не беа доволни милионите за реклами за здрава исхрана, сега и данок за маснотии

Од:

Власта потроши огромни суми за реклами како да се хранел народот, кои, по најновите изјави на истата власт, излегува дека биле фрлени во ветер – немаат ефект, па дури и состојбата станала уште полоша, сите се хранеле нездраво.

Единствена корист имале медиумите каде што редовно завршуваат овие реклами, односно преку измислување пропаганда за секакви “потреби на народот“ како покритие за нивно финасирање со народни пари.

И сега, наместо да се хранат сите здраво, по скапите реклами, за кои не се знае конечната сума потрошени пари, се открива дека во Македонија има луѓе со прекумерна тежина повеќе од европскиот просек, за кои сега власта размислува како да им наплати што јаделе нездрава и масна храна.

12666389_10208501071473260_93469832_n

Од вчерашната изјава на министерот за здравство, Тодоров, всушност произлегува само една порака-како да се наметне данок и на што да се однесува. Кога власта сака нешто да протне секогаш се користи со речникот “европски тренд“ , покритие за уште една давачка која е за “доброто на народот“ исто како што беа првичните 500.000 евра за рекламите за здрава исхрана.

-Во различни земји се воведува различен тип на данок, некаде на прехранбени продукти со зголемени масти, а некаде на безакохолни пијалоци, грицки, чипсови. Тоа е тренд во Европа, но кај нас треба да имаме широка дебата дали е потребно воведување на ваков данок и ако евентуално се одлучиме за негово воведување, тогаш за што ќе се користи, изјави Тодоров.

Министерот не го постави прашањето -дали и кој во Македонија може да си дозволи здрава храна,зошто е познато дека немањето пари е еднакво на нездрава исхрана.

Исто, министерот заборави да го постави прашањето-колку од зачестените случаи во клиниките се последица на загадениот воздух? Според податоците на Стопанската комора, Македонците просечно јадат по 6 килограми риба годишно по глава на жител. Тоа е 3,3 пати помалку споредено со просекот на Европската унија каде што се јаде просечно по 20 килограми риба годишно по глава на жител. Според секојдневните статистики пак, Македонците дишат и до 20 пати повеќе загаден воздух од дозволеното ниво.

Во јавноста кога се појавија и рекламите за здрава исхрана, се шпекулираше дека новата кампања е идеја токму на премиерот. Провладините медиуми во повеќе наврати објавуваат дека Груевски се храни здраво – пие само негазирана вода, сака да јаде здрава храна и се грижи за здравата исхрана, за потоа да го видиме како се фотографира како јаде ќебапи со семејството во два наврати.

Владата плаќаше и за реклами да не се пие газиран сок, а потоа, набавуваше газирани сокови, како што не учеа, полни со шеќер за 17.000 евра. Еден месец по кампапањата, владата нарача за 20.000 евра црвено месо, иако лично премиерот кажуваше дека тоа е штетно и не треба да се консумира.

Би можело да ве интересира

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата