(ВИДЕО) Наумовски: Зелените не можат да гласаат за Тодоровиќ – уништувачот на зелениот Центар

Од:

Невладината „Плоштад Слобода“ ги повика жителите на Центар во недела масовно да излезат на избори и својот глас да го дадат за кандидатот Андреј Жерновски. Изминатите четири години, рече Никола Наумовски, беше период на уништување на зеленилото во Центар. Проектот „Скопје 2014“ е проект на Груевски, но главен поддржувач беше Владимир Тодоровиќ, а клучен во донесувањето на одлуките е советникот на ДОМ, Лилјана Поповска.

Наумовски потсети дека за време на владеењето на Тодоровиќ се уништетни десет паркови, од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДОМ

„Да го поддржиме Андреј Жерновски за градоначалник не затоа што ќе прави ревизија на „Скопје 2014“, туку и затоа што на првата седница на Советот ќе се донесе одлука да ги спасиме парковите во Центар. Зелените неможат да го дадат гласот за уништувачот на зеленилото во Центар, Тодоровиќ. Младите ќе го поддржат Андреј Жерновски за градоначалник“, рече Наумовски.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември