(ВИДЕО) Наумовска: По европски стандарди обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај

Од:

„Градската и локалната власт во Гази Баба, предводени од СДСМ секојдневно работат и завршуваат проекти во интерес на сите.

Имено, во процесот на инфраструктурната офанзива овој период со забрзана динамика го реконструиравме бул. Александар Македонски, источниот влез на градот Скопје“, рече Мартина Наумовска од ОО СДСМ Гази Баба.

„За само 30 дена реализирана е реконструкција во должина од 5,3 километри и истиот е пуштен целосно за сообраќај.

Во следниов период интензивно продолжуваме со работа на излезот од градот на овој булевар исто така во должина од повеќе од 5 километри со што ќе го заокружиме процесот на обнова на правците за влез и излез на кои не е работено повеќе од 40 години.

Нагласуваме дека Градот Скопје за првпат ќе изврши експропријација на земјиште за изградба на велосипедска патека на овој булевар што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните и граѓанките од Ченто и Маџари со остатокот од градот“, кажа Мартина Наумовска од ОО СДСМ Гази Баба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината