(ВИДЕО) Наумов: Владата нè носи во должничко ропство

Од:

Државата се задолжува со страшно темпо и бројките покажуваат дека долгот ќе расте и нè носи во дефинитивно должничко ропство. Единствено објаснување за што ќе се трошат тие средства е дека следи предизборен период, вели Кире Наумов, дополнителниот заменик министер за финансии во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој порачува и дека СДСМ ќе оди на избори само доколку се фер и доколку има одложување на датумот.

Ги слуша ли, ги прифаќа ли вашите сугестии министерот за финансии?

Во принцип прашањето можеби е на место, онака како што гледате вие, но далеку од тоа дека ги прифаќа и ги слуша. Ако го правевме тоа немаше да стигнеме до оваа состојба во којашто за првпат многу брзо после формирањето на владата во која влеговме ние, јас како дополнителен заменик министер, немаше да стигнеме до вето, односно до онаа ситуација во којшто имавме несогласување околу тоа како треба да продолжи задолжувањето на домашниот пазар. Мислам дека на почетокот кога говоревме околу еврообврзницата која на некој начин ја договаравме, да речам договаравме, и успеав да го убедам дека не се потребни 500 милиони евра, после тоа далеку дека ги прифаќа моите сугестии. Кога зборуваме како економисти се разбираме, но потоа кога политиката, односно притисокот којшто мислам дека го има самиот министер во тоа дека мора да ги исполни сите желби кои владата или премиерот ги прави, а тие се такви какви што се, од таа причина сме во состојба во којашто секоја недела го зголемуваме долгот на домашниот пазар без согласност на дополнителниот заменик министер. Во последниот период имаме и многу послаба комуникација и да речеме една конфликта ситуација, пред сè на оваа точка, но и на други.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ