(ВИДЕО) Наумов: Дали има и други Субрати меѓу партнерите на Владата?

Од:

Ставрески се обидува да го покрие скандалот со Субрата Рој со смислено одбрани податоци за наводно успешните странски инвестиции во слободните економски зони. Прво, Ставревски вели дека компаниите во зоните оствариле извоз од скоро милијарда евра, но истовремено министерот не кажува колку е зголемен увозот на сметка на работењето на овие компании, вели Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ.

Тоа што Ставрески исто така го крие, е фактот дека во првите 9 месеци Македонија остварила трговски дефицит од милијарда и седумстотини милиони долари. Тоа е за 30 милиони долари поголем дефицит од истиот период лани. Тоа покажува негативна тенденција. Тоа е првиот “резултат“ од фалените инвестиции на Ставрески и Груевски.

Второ, Ставрески тврди дека во слободните економски зони работа нашле 11.000 работници, но и да е така, министерот не се осмелува да каже колкава е просечната плата на овие вработени. Корисно би било да го слушнеме и овој “резултат“ на фалените инвестиции: колку изнесува просечната плата на вработените, без платите на странските менаџери кои се вработени во овие компании?!

Трето, министерот Ставрески секогаш го крие податокот за учеството на компаниите од зоните во буџетските приходи.

Случајот со наводните милијарди на Субрата Рој од којшто остана само банкарска гаранција, после скандалот со Сведмилк, покажува колку може да се верува на Ставрески и на Груевски во врска со странските инвестиции.

Бидејќи договорите и субвенциите што ги добиваат странските компании се врвна владина тајна, останува еден ден да стане јасно дали меѓу нив можеби се кријат и други Субрати.
Потенцираме дека обидите на Владата да покаже наводна грижа за домашните компании, со тоа што дозволува да бидат добавувачи на компаниите од слободните економски зони е класично потценување на домашните фирми. Домашните компании мораат да ги плаќаат сите наметнати давачки и редовни казни и никогаш не можат да станат конкурентни со своите производи и услуги кај странските инвеститори коишто не плаќаат никакви давачки и имаат субвенционирани услови за работење на долг рок.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не е и нема да биде против странските инвестиции, но една од клучните мерки на СДСМ во Програмата е токму решение на овој проблем, изедначување на условите за инвестирање на домашните и странските инвеститори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања