(ВИДЕО) Наумоски: Кривични против Груевски, Ставрески и Митревски

Од:

Александар Наумоски, кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, нема да учествува во третиот изборен круг.

Ги повлекуваат контролорите со цел како што вели да победи Сокол Митревски со 1320 спрема 0 колку што има гласачи на поништеното избирачко место и како што вели да може актуелниот градоначалник да ги оправда 50-те милиони евра кои ги нема во Општината.

Наумовски лично поднесе кривична пријава против Груевски, Ставрески и Сокол Митревски, заради грубо прекршување на избирачкиото право.

Посочува дека Ставрески лично на изборниот ден со службено возило принудувал и уценувал, како што вели, граѓани да гласаат за власта.

Овие Локални избори се тежок срам за нашата држава. Како и во цела Макдеонија така и во Ѓорче Петров не одлучија граѓаните туку притисците кои ги спроведува државниот апарат. Имаме партиско полициска држава, предводена од властодржшци по секоја цена, рече Наумоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО