ВИДЕО: Народниот правобранител ќе истражува за паралелките на албански јазик

Од:

Народниот правобранител Иџет Мемети го истражува случајот со одлуката на Општина Аеродром, според која наместо три, годинава ќе има две паралелки на албански наставен јазик. Тој ги истражува и најавите кои следеа по таквата одлука дека градоначалниците на Чаир и Сарај ќе прават комбинирани паралелки на македонски наставен јазик.

Мемети денеска присуствуваше на тркалезна маса организирана во општина Тетово насловена „Остварување на правото на еднаквост и заштита од дискриминација“. Тој рече дека граѓаните станувале се по свесни за нивните права и начините како да се препознае и пријави дискриминацијата.

Само минатата година до народниот правобранител пристигнале 51 преставка од граѓаните. Најчесто се работело за дикриминација на работно место поради партиска или етничка припадност.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска