ВИДЕО: На влезот од Мислешево поставено македонското знаме

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]Стружани го поставија 19-метарското македонско знаме, денеска на влезот од селото Мислешево, и покрај сите препреки со кои се соочуваа изминативе денови.

Чинот на поставувањето на знамето помина во празнична и мирна атмосфера без инциденти или нарушување на јавниот ред и мир. Подготовките за поставувањето на знамето траеа повеќе од еден месец, а како што велат жителите, овој момент го очекувале долго време.

Присутни според слободни проценки беа повеќе од 1.000 граѓани. Велат, ова е Македонија и овде мора да се вее македонското знаме. Општинската инспекција пред десетина дена донесе решение за уривање на постаментот каде е поставено знамето, но жителите и покрај се се решија знамето да го постават.

Поставена беше и табла со македонското знаме, информации за Мислешево и фотографии од неколкуте културно-историски локалитети.

Би можело да ве интересира

Путин: Знамето на Русија секогаш ќе биде свето за сите генерации Руси

А1он

Не се разговара за промена на знамето, грбот или химната, велат од Владата по изјавата на Ахмети

Жарко Настоски

ВИДЕО: Британското знаме симнато од пред европските институции

Францускиот спајдермен закачи знаме на помирувањето во Хонгконг

А1он

Бошњаковски по изјавата на Османи: Законот за знамиња мора да се почитува, прекршувањето се санкционира

Ана Ололовска

Десетина сепаратисти упаднаа во владина зграда и го отстранија шпанското знаме