ВИДЕО: На талибански начин се брише македонскиот идентитет од Извештајот во Европа, реагира Мицкоски

Од:

Подеднакво е лошо да се избрише македонски јазик и идентитет од извештајот како и да стои модерен рече премиерот Христијан Мицкоски денеска во реакција на најавите дека во „Извештајот за напредокот на Македонија“ ќе ги нема изрзите македонски идентитет и македонски јазик и тоа по договор на трите најголеми политички сили во Европскиот парламент.

– Ние предупредувавме на ваквиот инженеринг во последниот период. За нас бриешењето на македонски идентитет и македонски јазик е подеднакво лошо како и да стоеше изразот модерен. Се покажа дека не се работи само за неколку стотини Бугари во Уставот и сега сите тие што манипулираа дека само треба да го смениме Уставот и сите наши проблеми ќе бидат решени треба да излезат и да се извинат. Треба да се каже дека не ја говореа вистината и дека немаат поим од водење политика. На талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од извештајот на Европа. Ова ни го направија Бојан Маричиќ и Бујар Османи.

Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за Македонија во кој на неколку места директно се споменуваат „македонскиот идентитет и јазик“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ниту едно дете не смее да биде заборавено, ниту еден детски сон не смее да биде однапред изгубен

Горан Наумовски

ВИДЕО: 20 отсто поевтини станови, нула комуналии за куќа и повисок студентски оброк, Мицкоски најавува нови мерки

(ВИДЕО) Рама: Македонија со право се сомнева дека ќе има ново вето и по внесувањето на Бугарите во Уставот, но мора да го исполни условот

(ВИДЕО) Рама: Случајот „Монструм“ треба да го решаваат институциите во Македонија, нема да се мешаме во внатрешните работи

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он