ВИДЕО: На Табановце за влез во земјава се чека еден час

Од:

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Состојбата на граничниот премин Табановце како и на другите премини во земјава може во живо да се следи на овој ЛИНК.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На премините Табановце и Пелинце се чека до 45 минути

Горан Наумовски

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути

На „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез од државата се чека 30 до 40 минути

ВИДЕО: Гужви на Табановце, се чека половина час според АМСМ

Катерина Ѓуровски

На премините Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Колони на Табановце и на Богородица, се чека и над еден час