ВИДЕО: На Богородица повторно колони и гужва, се чека над еден час

Од:

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Богородица за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираа утрово од АМСМ.

Сепак, дел од оние што чекаат на граничниот премин, а особено возачите на камиони тврдат дека чекаат и по три до четири часа.

Состојбата на граничниот премин Богородица може да се следи на овој ЛИНК.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

ВИДЕО: Чекање од околу еден час на Богородица и на Табановце

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски