(ВИДЕО) Муслиу: После овој изборен резултат ДУИ не може да формира Влада

Од:

ДУИ не може да влезе и формира влада затоа што со бројот на пратеници што го освои не го остварува ни Бадентеровиот принцип, рече во емисијата „Ноќен ескпрес“ политикологот Алберт Муслиу во анализа на изборните резултати.

-Тројца од дваесетитројцата пратеници албанци се вон албанските партии, тие се во СДСМ вели за 56 тото издание на Ноќен експрес политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.
Дури и тоа кога би се случило, „пазарот“ на ДУИ би бил тежок – вели Муслиу.

Во еден бран на автократски популизам кој го зафати светот прв пат де факто се докажа дека тој тип на недемокртски автократски популистички режими може да бидат победени на избори, е ставот на Сашо Орданоски.

– Затоа и овие избори во Македонија предизвикаа голем интерес во светот, вели тој во 56-тото издание на „Ноќен експрес“.
– Овој резултат е плод на инвестициите во последниве две-три години.Резултатот од овие избори за кој сите различно прогнозираа и не го очкуваа на крај излезе најнепријатен за власта – вели Ордановски.

Според него, на Европската Унија и на Западот за прв пат им се случува на Западен Балкан една голема немнозинска етничка заедница да гласа за партија која не ја претставува нејзината етничка заедница.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он