(ВИДЕО) Мухиќ не гласаше за договорот со Бугарија: Македонската страна прави отстапки

Од:

Пратеникот Ферид Мухииќ, во отсуство на опозицијата беше единствениот кој гласаше воздржано за Ратификацијата на Договорот со Бугарија.

Тој кажа дека овој Договорот не нуди реципроцитет и дека македонската страна прави повеќе отстапки.

– Вообичаено е договорите за доброседство и пријателство да бидат правени врз принципи на реципроцитет и симетричност. Мора да кажеме дека овој договор не е граден врз основа на приницпите за реципроцитет и не е сосема симетричен. Има клучни точки во кои тој отстапува од овој модел. Многу значајно е да се нагласи дека македонската страна прават напори и отстапки кои не се вообичаени. Со тоа ја нагласуваат својата добра волја. Сите овие афирмативни елелмнти се знаајни но треба и да се види дека она што се добива со овој договор има и своја цена. Таа цена е вредноста на македонскиот гест. Гестот на македонската влада е благороден и крупен гест, рече Мухиќ.

Собранието го изгласа предлог законот за ратификација на Договорот за пријателство и добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија со 61 глас „ЗА“. Опозицијата не присуствуваше на седницата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мухиќ: Ако не се гласа денеска, значи нема мнозинство

Ана Ололовска

(ВИДЕО) За Мухиќ сега договорот е добар: Капата ја сменивме, главата не

Наум Локоски

Мухиќ: Владата на граѓаните им должи објаснување кои уставни промени следуваат по референдумот

Наум Локоски

Мухиќ: Целта на нападот беше убиство на Заев и Села

А1он

(ВИДЕО) Мухиќ: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е победник, чудно е победникот да бара реванш

Наум Локоски

(ВИДЕО) Мухиќ: Целта е тиранијата да ја претворите во деспотија

Наум Локоски