(ВИДЕО) Муцунски: Владата донесе одлука за отворање Генерален конзулат во Корча

Од:

„Грижата за Македонците во Албанија се мери со дела. Македонците од Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора се предалеку од Тирана. Време е да им се доближиме“, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео порака на Фејсбук по денешната одлука на Владата за отворање на генерален конзулат во Корча.

– Конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион. Побрз и полесен пистап до конзуларни услуги. Поддршка за културни, образовни и економски врски. Посилна грижа за интересите на нашите граѓани. Брз, достапен и квалитетен сервис. Ова се конкретни чекори, а не празни зборови, наведува Муцунски

Владата денеска на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија донесе одлука за отворање на генерален конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион.

– Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски. Владата продолжува со конкретни мерки и политики кои имаат за цел да ја потврдат вистинската грижа за подобрување на стандардот и враќање на довербата на граѓаните во институциите, соопштија од Владата.

Генералниот конзулат ќе има јурисдикција врз подрачјата Корча, Мала Преспа, Подградец, Голо Брдо и Гора, и ќе работи во целосна координација со Амбасадата во Тирана. Неговите клучни надлежности ќе опфаќаат обезбедување конзуларни услуги, економска и културна промоција, како и унапредување на билатералната соработка во поширокиот регион.

Би можело да ве интересира

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Муцунски за „The Jerusalem Post“ од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот

Левица: Муцунски во Израел ја загрозува безбедноста на македонските граѓани врзувајќи ги со осомничени воени злосторници

Муцунски: Заштита на националните интереси, економската дипломатија и заштата на граѓаните кои живеат надвор од границите – стратешки приоритети на дипломатијата