(ВИДЕО) Момироска: 10.000 евра поддршка за секоја бизнис идеа на младите

Од:

„Младите велат Не за криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Велиме СТОП за иселувањето на нашите млади другари во странство.

Подаваме рака и ги мотивираме младите да отворат сопствен бизнис.

Предвидуваме по 10.000 евра неповратни пари – помош од државата, замладите луѓе кои имаат добра бизнис идеја.

Ќе воведеме „Гаранција за младите”.

Во првите четири месеци по завршување на школувањето, секој млад човек ќе добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието, пракса или тренинг  за вработување.

Нудиме шанса за млади претприемачи во Прилеп и во Македонија.

Ќе отвориме старт ап центри, каде младите ќе добијат правна помош, сметководство, како и простор со канцелариска опрема за успех во бизнисот.

Овозможуваме отворање на фирма со 1 евро основачки капитал, како и кредитирање до 15 илјади евра со само 1 процент камата.

Ќе изградиме студентски град во Скопје со модерни архитектонски решенија за студентски домови.

Воведуваме студентска платежна картичка за попусти во кампусите, при посета на државни и национални институции, спортски и културни настани.

Воведуваме субвенции за јавен транспорт, за сите млади лица до 29 години, за да бидат активни според нивните потреби.

Ќе го поддржиме стипендирањето, и со државна помош, но и со фискални олеснувања на фирмите коишто ќе одвојуваат процент од добивката.

Имаме план за сите млади, да останат да живеат и работат во Република Македонија.

Гласањето за бројот 4, е глас за живот во Македонија“, рече Христина Момироска – Кандидат за пратеник во И.Е.4 од редовите на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски